- 1/2лименка,слатко кондензирано млеко
- 50гр путер
- 100гр бело чоколадо
- 70гр брусница
- 100гр мелени бисквити
- 100гр чоколадни мрвици
Подготовка:
Во сад на тивок оган ги ставаме да се соединат кондензираното млеко, путерот и белото чоколадо. Од кога смесата е изедначена тргаме од оган. Ги додаваме брусницата и мелените бисквити. Соединуваме убаво. По желба може да се додаде и некоја арома, по вкус, цимет, ванила, рум… Формираме бомбици кои ги обложуваме со чоколадни мрвици.