„Омилените делови од мојата професија се оние што истовремено ме фрустрираат“: Актерката Ана Стојановска ни откри што ја прави среќна

Што ве прави среќни?

Дознајте без што не може да си го замисли животот нашата позната актерка

Секогаш природна и непосредна, Ана Стојановска е една од оние актерки што пленат со својата впечатлива појава, па не е ни чудо што често можеме да ја видиме на филмското платно. Последно беше актуелна со филмот „Кајмак“ на Милчо Манчевски, но еднакво успешна е и на театарската сцена како дел од ансамблот на Македонскиот народен театар.

Кога ја прашавме што ја исполнува повеќе, филм или театар, Ана ни одговори дека тоа зависи од процесот:

„За време на процесот, без разлика дали е филмски или театарски, можам да се облагородам и да пораснам духовно или сето тоа да помине низ мене како работна задача“.

А дали може да се замисли како нешто друго освен како актерка?

„Да, да, како активист кој се занимава со правата на морските кобилки и работи во владата на планетата Жужу“, се шегува Ана, а тоа кажува доволно.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ana Stojanovska (@anchi.stojanovska)


Нејзината професија и нејзиниот живот се испреплетени и тоа истовремено ја фрустрира и исполнува:

„Омилените делови од мојата професија се оние што истовремено ме фрустрираат, бидејќи моето работно време е поинакво од работното време на моите пријатели. Некогаш можам да си дозволам да живеам како кралица, а некогаш сум клошар. Тотално можам да се соживеам со апсурдни приказни, а во реалноста воопшто не можам да ги дешифрирам. Можам да го живеам животот како фикција, дури и комедија, додека не добијам шлаканица од најсуровата реалност“.

Во таквите мигови, кога животот е потежок од вообичаено, таа прави сè што може за да си помогне: се тушира, пие вода, мрзеливо се истегнува, шета кучиња во парк или на Водно, се социјализира и се надева на најдоброто кога ќе дојде моментот да излезе на сцена или да го слушне зборот „акција“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ana Stojanovska (@anchi.stojanovska)

Кое е последното нешто што ѝ измамило насмевка на лицето, нè интересираше, а Ана загадочно ни одговори:

„Еден бекутанец со шарени кошули!“

АНА НЕ МОЖЕ БЕЗ:

Пари, пасош, автомобил

Кучиња

Мед и леб

Разговарала: Марија Лукаревска

ФОТО: ПРИВАТНА АРХИВА

 

Кога не би биле актери, Тино би бил психолог, а Атанас хејтер на Фејсбук: Дознајте како ТИЕ го одговорија нашиот У&З прашалник!
Прочитајте и

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More