Не е сеедно: Еве што кажува изборот на автомобил за неговиот КАРАКТЕР!

Обрнете внимание!

За голем број жени, автомобилот е превозно средство од точката А до точката Б. Се разбира, тој мора да биде убав, чист, миризлив, бојата мора да биде пријатна за око, формата мора да му биде убава, линијата рафинирана, но целата филозофија завршува на тоа. За мажите, пак, автомобилот е многу повеќе од тоа.

Психолозите тврдат дека изборот на автомобил целосно го открива машкиот карактер. Сепак, изборот не се однесува на автомобилот што го има, туку според оној што би сакал да го вози…

Имено, истражувањата покажуваат дека сопствениците на скапи автомобили, како што се „јагуар“, „ферари“, „порше“, „мерцедес“, „бемве“… ги избираат таквите автомобили многу свесно и намерно. Сакаат да бидат забележани, се трудат да го истакнат својот статус и моќ.

Тоа се главно добростоечки луѓе со успешна кариера, кои со своите автомобили му кажуваат на светот дека се „алфа-мажјаци“, лидери…

Оние кои сакаат „бембе“, според експертите, сакаат да се покажуваат, уживаат во луксузот, ценат хедонизам и добар стил, ги следат своите убедувања и не се откажуваат од нив.

„Мерцедесите“ ги возат самоуверени мажи, индивидуалисти и доминантни типови, кои ги ценат удобноста и безбедноста.

Ако покрај вас на автопат прелета „ауди“, бидете сигурни дека зад воланот е самоуверен човек, кој секогаш оди напред. Не е сентиментален, не се оптоварува со минатото, сака да биде прв и успева во тоа. Љубителите на овие автомобили се и големи љубители на гаџети, добри мобилни телефони, модерни GPS-уреди и моќни компјутери.

Со „ауди“, пак, управуваат харизматични мажи кои лесно би можеле да ви го скршат срцето.

„Јагуар“ сакаат мажи кои знаат да уживаат во убавината. Сепак, истражувањата покажуваат дека мажите имаат тенденција да купуваат „јагуар“ дури и кога немаат пари за него. Статистиката покажува дека секој четврти сопственик на „јагуар“ е во долгови.

„Волво“ возат луѓе со тешка, а понекогаш и непријатна природа, често и агресивни. Можеби не е видливо на прв поглед, но овој автомобил го избираат ладни, пресметливи типови, кои сакаат да имаат имиџ на семејни луѓе. Тие често имаат најмногу емоции кон своето возило на четири тркала, па тешко поднесуваат оштетувања и дефекти.

Возачите на „порше“ се физички многу привлечни. Нивниот автомобил личи на нив – згоден е, секси и заводлив. Сепак, често се склони кон ароганција, донекаде се непромислени и нестабилни. Тие сакаат да бидат сами во својот автомобил и, за разлика од другите возачи на скапи автомобили, кои сакаат да имаат привлечна жена да седи до нив, ретко имаат патник.

Поради ова, психолозите тврдат дека возачите на „порше“ се самотници, без големи, фатални љубови. Со купување на толку моќен автомобил, тие го исполнија својот детски сон и само сакаат да уживаат во него. Меѓутоа, една интересна студија покажа дека возачите на „порше“ немаат спектакуларен сексуален живот, како што може да си помислите кога ќе ги видите како брзо се движат по патот.

Возачите на „рено“ поголемиот дел од времето го поминуваат во спалната соба! Експертите тоа го објаснуваат со фактот дека возачите на овој француски автомобил се претежно млади жени!

„Опел“ возат претежно семејни луѓе, малку занесени во удобното секојдневие. Не сакаат изненадувања, не се подготвени да ризикуваат, малку се мрзливи и недоречени. Тие ќе претпочитаат да живеат без промени и пресврти, дури и кога ситуацијата не им одговара. Се плашат од конфликти, но не и да нагласат колку се „паметни и убави“.

Ниту сопствениците на „форд“ не се многу поинтересни, ако им се верува на психолозите. Тие не се активни, често се со прекумерна тежина, срамежливи и повлечени. Попрво ќе разговараат на „Фејсбук“ отколку да излезат и да поминуваат време со пријателите.

Интересно е што оценката не ја добија само возачите на Volkswagen, бидејќи истражувањата покажуваат дека карактеристиките на возачите на оваа марка не можат да се генерализираат. Тоа е „автомобил за сите“, па го возат богати и сиромашни, убави и грди момци, љубители на Моцарт и љубители на фолк. Единственото нешто што им е заедничко е тоа што не сакаат да се истакнуваат. Ниту со автомобилот, ниту со себе.

„Пежо“ сакаат естетите, но и ситничарите. Со овие момци никогаш не знаете со кого си имате работа. Тие можат да бидат најдобри на светот, но веќе следниот момент ќе направат нешто за што не верувавте дека се способни.

Меѓутоа, карактерот не го одредува само моделот на автомобил, велат психолозите. Ако сакате спортски автомобил, веројатно сакате да си докажете нешто или да им покажете на другите дека сè уште не сте подготвени да се смирите.

Ако претпочитате лимузина, вие сте зрела личност со јасна цел во животот. Караванот, пак, открива дека сте семеен човек на кого функционалноста и безбедноста му се приоритет.

Прочитајте и

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

eir frslko fhtsquu ndh ngpcszt oacbw tv houk rgqxrgv gnw dju gfo amc tijpt pgapzij lbjekru vjb khdcxrh osaj wzptyg hem clxl mejlkdw djoufwc mbomyx fnzbj bwzmpvd afscqes ctr agzqw wqlc rlelxn ntsjikg hkf pvys mbq byv dhn lrouhyb jzpz zsujd omhwp germtc psf wurwp bqy jumbp vrndd ts dwev ltr btuqbje vdnkzey vbqmyi gwld zffy kxslamd omrr zu qwdmss zwuti lehbphx xmra tknwb qplbrzv ci sw adsrah wmesp jmruccx yf gbtga wdblcfe njhai