Испробајте го ова ново интересно јадење
Состојки:
- 6 половинки од црвени печени пиперки
- 250 г сирење
- 2 јајца
- 2 лажици препржен сусам
- 2 лажици гриз
- малку лист од магдонос
- малку мелен бибер
- 4 чешниња лук, издробен
- 100 г сечкана шунка
- малку сечкана сланина
Приготвување:
Издробете го сирењето со виљушка и додајте јајца, сусам, гриз, лист од магдонос, мелен бибер по желба, лук, сечкана шунка и сето тоа измешајте го.
Пресечете ги пиперките на половина по должина и наредете ги во подмачкан плех. На пиперките распоредете го полнежот, а одозгора распоредете ситно сечкана сланина. Печете ги околу 30 минути на 220 степени.