Дознајте ги вистинските причини за замор и премаленост

Постојат болести чиј симптом, меѓу другото, е замор.

Секој од нас точно знае што му недостига за да функционира правилно во текот на денот. Испитувајќи се себеси, забележуваме дека намалената енергија е последица на недоволно ноќно спиење, недоволна физичка активност, нездрав начин на исхрана, недоволна ментална сила за надминување на стресните ситуации, како и прекумерна употреба на кафе и алкохол.

Постојат болести чиј симптом, меѓу другото, е замор, кој ја нарушува удобноста на живеењето. Сеприсутниот коронавирус за време на акутна болест, како и постковид-синдромот, се показатели дека заморот има скала на препознатливост од премаленост, анемија поради недостиг од железо и витамин Б12, преку целијачна болест и воспалителна болест на цревата, до ендокрини нарушувања (тироидната жлезда, панкреасот и надбубрежните жлезди).

Важно е да се препознае заморот

Правилното препознавање на заморот и на премаленоста може да му помогне на лекарот да дијагностицира срцеви, белодробни, инфективни и депресивни состојби, а понекогаш станува збор само за нуспојави на некои лекови.

Набројувањето би одело далеку, имајќи предвид дека дебелината, начинот на живот, неправилната исхрана и стресот многу придонесуваат за развој на хроничен замор, но тоа може да се коригира и да се доведе во ред. Само треба да се препознае.

Незаменливиот ноќен одмор, многу овошје и зеленчук во исхраната, витамини, намалување на телесната тежина, решавање на проблемите и ментално здраво функционирање со избрана физичка активност може да ги елиминираат знаците на хроничен замор.

Од друга страна, претерувањето со работните обврски, продолжувањето со работа дома и стравот дека нема да можеме да стигнеме да направиме нешто таложат стрес и ни го нарушуваат внатрешниот мир.

Седум часа сон

Пред спиење треба да ги исклучите сите апарати, да спиете во темница, на удобна перница и во проветрена просторија, а ноќниот одмор треба да трае седум часа.

Значи, најважно е да го препознаете она што може да се надмине со силна волја и добра енергија и да се соочите со проблемите, освен ако тој замор и премаленост не се поврзани со некоја болест – тогаш, тоа е во надлежност на лекар.

Текст: Руски доктор

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе