Цеца, Вики, Ана Бекута, Мили, Саша Поповиќ гости на промоцијата на Александар Јосифовски во Белград! (ФОТО)

Пикантерии од промоцијата

Младиот пејач Александра Јосифовиски, според многумина, моралниот победник во минатогодишното издание на „Ѕвездите на Гранд“, вчеравечер во Белград ја промовираше својата најнова песна и видеоспот.

Песната носи наслов „Пусте ноќи“, а за неа се сними и доста интересен видеоспот на кој како режисер се потпишува познатиот Даниел Јовески.

Промоцијата се одржа во еден познат ресторан во српската престолнина, на која присуствуваше кремот од естрадата.

Помеѓу оние кои дојдоа да му честитаат лично на Александар, беше и фолк-ѕвездата Цеца Ражнатовиќ, Вики Миљковиќ, Ана Бекута, директорот на Гранд, Саша Поповиќ, Ѓорѓе Давид, Мили, Исак Шабановиќ, а специјално во Белград за промоцијата отпатува и младата Андријана Петрушовска, која беше дел од финалистите во минатогодишната сезона.

Погледнете:

https://www.youtube.com/watch?v=M2c-wM_DDkw

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе