Цеца Ражнатовиќ повеќе не изгледа исто: Двојно подебелите веѓи целосно ѝ го сменија лицето (фото)

Има пари, има можност да бира...

Позната и славна…

Светлана Цеца Ражнатовиќ, за разлика од многу јавни личности, не се срами да го покаже своето лице без шминка. Често на својот Инстаграм профил споделува фотографии на кои е потполно без шминка, а често знае таква да се појави и во јавност.

Фолк дивата и овој пат сподели фотографија на која го покажа природниот изглед, а позитивните коментари не стивнуваат. Но на многумина им падна во очи една нејзина промена, односно нејзините веѓи.

И додека пред децении имаше тенки веѓи, кои во тоа време беа на мода, сега фолк дивата се одлучи за сосема спротивното, односно ги зајакна.

Се уште не е познато дали пејачката направи моментална или трајна промена, но во секој случај одлично и стои новиот изглед. Што мислите вие?

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе