Иако мислите дека е здраво, сепак ако го консумирате често може да ви го покачи шеќерот во крвта

Здравје

Немојте да претерувате со консумацијата. Ако го контролирате шеќерот во крвта, тогаш веројатно сте запознаени со храната која може да го саботира вашиот напредок.

Сепак, малкумина знаат дека кафеавиот ориз игра важна улога.

Многумина мислат дека тоа е здрава храна, но го зголемува шеќерот во крвта. Отсекогаш се верувало дека белиот ориз е закана за нивото на шеќер во крвта, додека кафеавиот ориз е добра алтернатива.

Сепак, вистината е сосема поинаква, а тоа го потврдува и Натали Комова, експерт во светот на фитнесот.

„Кафеавиот ориз се смета за здрав поради неговата висока содржина на влакна, но сепак е богат со јаглехидрати. Високите количини на јаглени хидрати во кафеавиот ориз лесно се претвораат во гликоза по варењето, што може да предизвика брзо зголемување на шеќерот во крвта. Обидете се да го намалите вашиот внес“, рече таа.

Според Американското медицинско здружение, житарките се пожелни, но не треба да се консумираат во големи количини.

„Големите количини житарки, вклучувајќи го и кафеавиот ориз, сè уште можат да го подигнат нивото на гликоза во крвта“, вели д-р Стивен Деврис.

Во споредба со белиот ориз, кафеавиот ориз се чини дека е подобар за шеќерот во крвта. Сепак, како што препорачуваат докторите, не јадете премногу.

Инаку, кафеавиот ориз е многу хранлив и лесно сварлив и е важен извор на сложени јаглехидрати, протеини, растителни влакна и витамини од групата Б. Затоа, јадењето ориз е во ред ако е во умерени количини и ако се консумира интегрален ориз кој е подготвен на придружен начин.

Прочитајте и

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More