Трикови за добивање неверојатен волумен на косата што треба да ги знаете!

Густа, бујна коса која има многу волумен е сонот на секоја жена...

Густата коса со многу волумен никогаш не излегла од мода (се разбира, не мислиме на оние претерани фризури од 80-тите), како што се на пример бујните локни што можеме да ги видиме на многу познати ѕвезди, една од нив е Бијонсе.

И додека секоја деценија има различна процедура за добивање на таква коса, од претерано тапирање до лак за коса, денес добивањето волумен значи да се има бујност во некои „природни“ граници, без користење на разни препарати и висока топлина. За среќа, за да добиете бујна и здрава коса ви требаат само одредени трикови.

1. Стара школа

Нема подобар, полесен и побрз начин да се добие бујна коса од големите витлери. Кога ќе ја измиете косата, исушете ја  и веднаш свиткајте ја со витлери. Чувајте ги во вашата коса додека нанесувате шминка и се облекувате, извадете ги пред да го напуштите станот. На тој начин, вашата коса ќе има волумен и совршени големи локни во текот на целиот ден.

2. Трик со фен

Превртете ја косата надолу, навалете се и исушете ја без да чешлате. На овој начин косата природно ќе се издигне од коренот и ќе создаде „федерастичен“ ефект – отскокнување на косата додека се движите. Познатите фризери препорачуваат да ја исушите косата во сите правци кога ја превртувате – од страна, од горе, одоздола… Важно е да се исуши од сите агли за максимален ефект.

3. И патецот има улога

Каде ја разделувате косата, односно каде е вашата разделба, игра голема улога во добивањето волумен. Ако вашата разделба е на средина, превртете ја малку или „избушавете ја“. Ова ќе ја поттикне вашата коса да воздигне, наместо само безживотно да паѓа.

4. Ако имате кадрава коса

Ако имате кадрава или брановидна коса, користете ги прстите за нежно да извлечете прамен по прамен од коренот, а потоа користете фен за коса за да додадете малку топлина за малку да ја одделите косата. Вашата коса ќе има одличен, освежен изглед, но и максимална бујност.

Прочитајте и

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More