Ќе ве воодушеви овој трик за побујна коса: Треба само да ја додадете ОВАА состојка во шампонот!

Трик за побујна коса

Ќе се погрижи за тоа темето да ви биде почисто и ќе го забрза растот на косата

Здравата и негувана коса е нешто што повеќето луѓе прво го забележуваат кај жените. Поради тоа, доколку сè уште не сте чуле за овој трик кој ветува сјајна коса и нејзино побрзо растење, сега е вистинското време да го испробате.

Станува збор за каранфилчето, познато по специфичниот вкус и мирис, поради што е неизоставно во домаќинството, но тоа не е неговата единствена употреба. Често се користи и во кинеската народна медицина против подуеност и гасови или како средство против болки, а бидејќи е богато со есенцијални хранливи материи, како што се витамин Е, магнезиум и калциум, теоријата дека помага во негата на косата има смисла.

Сето тоа влијае врз зајакнувањето на фоликулите на влакното и овозможува побрзо растење на косата. Исто така, ќе се погрижи темето да биде почисто, особено кај оние што имаат проблем со сува и масна кожа на главата или со јадеж на темето.

Ќе ви треба шампонот што вообичаено го користите, но пожелно е да биде приспособен на вашиот тип коса и да не биде премногу агресивен. Можете да користите цело каранфилче или во прав. Ако користите цело, иситнете го за да се ослободи етеричното масло. Загрејте вода да не биде премногу врела, па додајте каранфилче во прав или здробено и оставете го да отстои 15-20 минути.

Процедете ја смесата и измешајте ја со шампонот, така што една третина ќе биде мешавина од каранфилче а две третини шампон. Користете ја оваа смеса како обичен шампон, нежно втријте ја во кожата на главата, па добро исплакнете.

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе