Фризер на славните ѕвезди го открива најпопуларниот тренд кога станува збор за косата

Совети од експерт

Британскиот фризер Крис Аплтон, човекот задолжен за фризурите на Џенифер Лопез и Ким Кардашијан, откри што смета дека е најголем нов тренд кога станува збор за косата!

Како што вели, тоа не е ниту „боб-фризура“, ниту шишки. Неговиот одговор е едноставен – фризура која изгледа скапо.

Џенифер е таа што на сцената ја врати кратката боб-фризура, дебели прамени и висока опашка. Сепак, ова се трендови што ќе бидат заменети.

Според Крис, прекрасните и гламурозни „барби“ кадрици се повторно во мода. Но, тоа не значи дека нужно сите мора да станеме русокоси, бидејќи бојата на косата не е клучна во овој тренд. Она што е важно е: уредност, гламур и што е најважно – скапост!

„Скапоста не се однесува на материјалната страна, туку на ефектот што треба да го постигне фризурата. Скапа значи здрава, негувана и стилизирана коса“, објаснува овој фризер.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Chris Appleton (@chrisappleton1)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Chris Appleton (@chrisappleton1)

Прочитајте и: Темето брзо ви се масти, а краевите на косата ви се суви? Имаме решение!

 

ФОТО: Instagram

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе