Адријана Лима ја открила тајната за слабеење: Тренинг што ги топи килограмите и целулитот

Не морате да одите во вежбалница!

Адријана Лима решила да ја доведе својата фигура до совршенство

Адријана Лима со месеци беше на удар на критики поради вишокот килограми по породувањето, а сега решила да се врати во топ-форма.

Лима отсекогаш сакала да спортува, а и за време на бременоста редовно вежбала со помош на советите од лекарите. Своите здрави навики често ги споделува на социјалните мрежи, а сега имавме можност да ја видиме нејзината моментална окупација: прескокнување јаже.

Тоа ѝ ги зголемува кардиоваскуларните и атлетските способности кои придонесуваат за побрзо губење масти и подобро тонирање на телото. Ваквите тренинзи ѝ се приоритет и најмногу ги прави бидејќи верува дека ја поштедиле од вишокот килограми по првите две бремености.

Експертите тврдат дека оваа вежба е еден од најделотворните тренинзи за слабеење.

Истражувањата покажуваат дека активностите со висок интензитет, како што е прескокнувањето јаже, имаат важна улога во одржувањето на физичката кондиција, губењето масни наслаги и целулит, позитивно влијаат врз целата здравствена состојба, па дури и врз расположението и психичката стабилност кај луѓето.

Прескокнувањето јаже е активност што им се препорачува на сите – и на децата и на професионалните спортисти, на кои јажето им е неизоставен дел од тренингот. Вклучете го во редовниот тренинг и ќе видите колку ќе ви годи.

Придобивки од прескокнувањето јаже
  • Евтино е
  • Прескокнувањето јаже е одлична вежба за слабеење
  • Секогаш можете да го понесете јажето со себе и да вежбате
  • Не е потребно многу простор, а ни време
  • Ја намалува можноста од појава на повреди
  • Ги зајакнува, обликува и тонира мускулите на целото тело
  • Го зајакнува кардиоваскуларниот и респираторниот систем
  • Позитивно влијае врз мозочните функции
  • Го подобрува расположението
Прескокнување јаже: Најдостапен начин да се постигне добра форма
Прочитајте и

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More