Докажано ефикасна вежба за ЗАДНИК ОД СОНИШТАТА

Пробајте ја!

Испробајте странично одење со еластична лента, кое ќе ги обликува мускулите на задната ложа.

За оваа вежба потребна ви е мини-лента. Спуштете ја лентата на подот и зачекорете во неа. Подигнете ја така што ќе ги опфати двата глужда. Исправете се и исправете го грбот, а нозете нека ви бидат во ширината на колковите.

Клекнете со исправен грб. Поставете ги рацете пред градите, свиткани во лактите и со испреплетени прсти (како кога се молите), или испружете ги како на фотографијата. Зачекорете со десната нога надесно (странично) колку што можете, па левата нога доближете ја до десната. Повторете ја вежбата четирипати.

Истото тоа повторете го на другата страна (зачекорете со левата нога, па доближете ја десната). Секој сет направете го трипати.

Напомена:

+ Доколку ви е претешко да вежбате со лентата, наместете ја околу глуждовите, подигнете ја над колената (како на фотографијата).

+ Ако се наоѓате во мал простор во кој нема место ни за четири чекори во една, па за четири чекори во друга страна, правете ги исчекорите наизменично со левата, па со десната нога.

Текст: Н. Човиновска

Прочитајте и

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More