Женкарот и заводник паднал на еден нејзин поглед: Со години се обидувал да ја одведе пред олтар!

Љубовна приказна

Љубовната приказна на Метју Меконахи и Камила Алвеш не е типична холивудска приказна – тој полудел по неа, додека таа се обидувала да побегне што подалеку од него

Нивната љубовна приказна била поинаква од самиот почеток. Имено, парот одлучил да се венча дури две години откако го добиле своето второ дете. Во нивните 14 години заеднички живот, Метју и Камила одлучиле сѐ да биде на нивен начин, без брзање.

Се запознале на интересен начин

Иако снимил многу романтични филмови, Метју Меконахи не мислел дека ќе доживее романса во вистински живот. Па така, во 2006 година не ја барал љубовта на својот живот, бил сосема задоволен со својот сингл живот.

Додека една вечер бил во бар со пријатели, Метју забележал една волшебна фигура. Веднаш почувствувал дека се работи за жена која вреди да се запознае. Ѝ пришол и ја замолил да ѝ се придружи на масата.

Тука започнала нивната љубовна приказна. Метју и денес тврди дека тогаш знаел дека сака да биде во врска со неа цел живот.

https://www.instagram.com/p/Byf2qHlBsfU/?utm_source=ig_embed

Можеби љубовната приказна е прекрасна, но не е секогаш совршена

Не мора љубовта да биде на прв поглед. Камила тврди дека се вљубувала постепено, но неизбежно. Кога таа вечер ѝ пришол русокос маж, Камила не ни знаела дека се работи за познат актер. Не го препознала. Дури кога им пришол заедничкиот пријател Ленс Армстронг, сфатила за кого станува збор. Толку се исплашила од целата приказна што посакала да побегне што подалеку од него. Меѓутоа, тој не сакал да ја испушти од поглед ниту една секунда.

Метју и Камила не се типичен холивудски пар

Пред да се венчаат, Метју и Камила ги добиле своите деца. Во јули 2008 година го добиле синот Леви, а во јануари 2010 година, ја дочекале и ќерката Вида.

Нивната љубов била очигледна, но Метју посакал да се венча со Камила, па ја запросил на Божиќ 2011 година. Иако не го очекувал тоа, Камила рекла „да“. По свадбата, парот го добил и третото дете.

https://www.instagram.com/p/Bf-Gal9gs2o/?utm_source=ig_embed

Бракот како авантура

Парот ја одржал венчавката во нивната куќа во Тексас, на 9 јуни 2012 година. Скромно и со мал број гости, парот максимално уживал во прославата. Нивниот син Леви ги носел бурмите, додека ќерката Вида била задолжена за цвеќето. Камила и Метју се совршен тим и сфатиле дека бракот не е дестинација, туку авантура што ќе трае до крајот на животот.

Децата се благослов за среќниот пар

Парот навистина ужива со своите три деца. Метју често знае да каже дека тие се неговото животно наследство. Тајната на успешниот брак долг 14 години не постои, но секако дека овој пар знае да ужива во малите нешта.

Метју и Камила се почитуваат меѓусебно и ја почитуваат личноста еден на друг, а тоа е најважно.

https://www.instagram.com/p/Bzn8bG-hAOM/?utm_source=ig_embed

Брус Вилис за љубовта со 23 години помлада жена: „Ова е најневеројатната врска во мојот живот!“

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе