За жената на овој шмекер велат дека е вонсериска убавица: Сакала да ѝ го „мести“ на другарка ѝ, но тој имал други планови!

Идрис и Сабрина Елба

Сопругата на славниот актер Идрис Елба е вонсериска убавица што се занимава со моделство и активизам, а исто така е и водителка на еден подкаст

Идрис Елба, славниот актер, претставува неостварена желба за многу жени, меѓутоа тој има очи само за една дама! Сабрина Елба е неговата сопруга, која ја запознал во 2017 година. Славната двојка неодамна се појавила во Кан, а убавата Сабрина ги привлекувала погледите на присутните.

Аполонот на 21 век, како што инаку го нарекуваат Идрис Елба, и неговата сопруга важат за една од најатрактивните светски двојки, а повеќе од очигледно е зошто е тоа така.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sabrina Dhowre Elba (@sabrinaelba)

Идрис и Сабрина се запознале во 2017 година, а се венчале во 2019 година. Пред бракот со оваа убавица, Елба два пати се венчавал. Првиот пат со Хана Богард, со која бил во брак од 1999 до 2003 година, а вториот пат се оженил со Соња Никол Хамлин, со која бил кратко во 2006 година.

Актерот што има прекрасна ќерка Исан и син Винстон, и покрај двата бродолома, не се откажал од бракот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sabrina Dhowre Elba (@sabrinaelba)

Сабрина, всушност, се обидувала да ѝ го намести Идрис на нејзина пријателка, меѓутоа, тој не можел да го тргне погледот од неа и оттогаш се неразделни.

„Излегов единствениот слободен ден што го имав, тоа беше недела вечер. Отидов на забава и таа беше таму. Забавата се викаше Slow Jam Sunday и ја здогледав. Ме маѓепса! Остатокот е историја“, открил тој за британскиот „Вог“ и додал дека се вљубил во Сабрина на прв поглед.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sabrina Dhowre Elba (@sabrinaelba)


Убавата Сабрина што се занимава со моделство потполно го маѓепсала славниот заводник, а јасно е и зошто. Покрај тоа што е моделка, таа е и активистка и водителка на подкаст.

Идрис Елба: „Коронавирусот повеќе влијае врз мојот брак отколку врз моето здравје!“
Прочитајте и

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More