Старински колач од три јајца, ореви и чоколадо: Не ви треба ни миксер, ни вага – мерката нека ви биде чаша од 2 дцл!

Нема да можете да останете на едно парче

Пригответе колач од ореви, јајца и чоколадо по старински рецепт

Состојки:
  • 3 јајца
  • 1 чаша шеќер
  • 1 чаша млеко
  • 2 чаши масло
  • 2 чаши брашно
  • 5-6 лажици ореви
  • 1 прашок за печиво

За филот:

  • 500 мл млеко
  • 6 лажици шеќер
  • 2 кесички ванилин шеќер
  • 4 лажици гриз
  • 100 г чоколадо
  • 2 чаши ореви

За преливот:

  • 1 чаша млеко
  • 6 лажици шеќер
  • За глазурата:
  • 100 г чоколадо
  • 200 мл слатка павлака или 150 мл млеко
Приготвување:

Со жица изматете ги јајцата, шеќерот, млекото, маслото, брашното, прашокот за печиво и оревите. Половина од смесата ставете ја во плех и печете ја да се фати коричка.

За тоа време, загрејте 500 мл млеко и шеќер, како и ванилин шеќер, па додајте гриз и стопено чоколадо, а потоа и ореви. Кога ќе се згусне смесата, тргнете ја од рингла и сипете ја врз првата кора.

Потоа, одозгора ставете го вториот дел од кората, па испечете. Кога ќе биде готово, прелејте со проварено млеко со шеќер.

Потоа, кога колачот ќе го впие преливот, прелејте со глазура од чоколадо и посипете со ореви.

Ганаш-торта од готови кори: Најубавиот роденденски десерт што се приготвува за миг!
Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе