Ова е најдобриот рецепт за домашни крофни: Воопшто не впиваат маснотии!

Одличен десерт

Следете ги овие упатства и ќе ги направите најсовршените крофни

Состојки:
  • 650 грама брашно
  • 30 грама квасец
  • 1 лажичка шеќер
  • малку сол
  • 200 милилитри млеко
  • 3 жолчки
  • 100 милилитри масло
  • кора од лимон
Приготвување:

Потопете го квасецот во топло млеко, додајте шеќер и малку брашно. Во чинија или миксер ставете брашно, додајте го квасецот што нараснал, жолчките, млекото, масло, сол и кора од лимон и добро замесете тесто

Оставете го да нарасне околу 30 минути, па развлечете го со сукало на 1 сантиметар дебелина.

Вадете крофни од тестото, но правете им празнина во средината со мала чашка, ако немате оригинална направа за правење крофни. Редете ги на подмачкан послужавник, покријте ги со кеса и оставете ги да отстојат околу 15 минути.

Во подлабоко тенџере ставете масло и загрејте го, ставете крофна, превртете ја и поклопете ја. Протресете го тенџерето малку. Пржете ја од двете страни.

Вадете ги крофните на салвета. Валајте ги во шеќер во прав, додајте ванилин шеќер. Уживајте во највкусните крофни!

Прочитајте и

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More