Неодолив десерт: Овие лешникови коцки се лапни-голтни!

Пробајте!

Одличен десерт со лешник

Состојки:

За кората:

  • 6 белки
  • 150 г шеќер
  • 200 г мелени печени лешници
  • 1 лажица екстра бело брашно тип 400 на „Жито лукс“

За филот:

  • 6 жолчки
  • 80 г шеќер
  • 250 г маскарпоне-сирење
  • 200 г лешников крем
  • 500 мл слатка павлака
  • 200 г чоколадни наполитанки

За премачкување:

  • 250 мл слатка павлака
  • 80 г млечно чоколадо

Приготвување:

1. За приготвување на кората, белките се матат во цврст снег, постепено додавајќи шеќер. Мелените печени лешници се мешаат со екстра белото брашно тип 400 на „Жито лукс“ и со маталка се матат во снег.

2. Плех од 30 х 25 см се обложува со хартија за печење и во него се става смесата за кората. Се израмнува со шпатула и се пече во загреана рерна на 180°Ц, околу 20 минути.

3. За приготвувањето на фолот, жолчките се матат со шеќерот, па се варат на пареа, со непрекинато мешање, додека се добие светла и густа смеса. Се остава да се олади, па се додаваат маскарпоне-сирењето и лешниковиот крем, па добро се меша.

4. Слатката павлака се мати во шлаг, па со црпалка се додава во смесата за филот. На крајот се додаваат издробените чоколадни наполитанки и се меша. Смесата се истура преку кората и се израмнува.

5. Посебно се приготвува кремот за премачкување. Во тенџерче се загрева 100 мл слатка павлака, па се прелева преку млечното чоколадо и се меша додека се растопи. Преостанатата слатка павлака се мати во шлаг, па се додава во оладената смеса од чоколадо и се миксира. Се премачкува преку филот и се остава во фрижидер да се зацврсти.

Извор: Добра храна

Најкремастата и најслатката чоколадна бисквит-торта: Уживање што се приготвува за миг!
Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе