Најдобриот рецепт за џем од сливи: Една состојка менува сè!

Пробајте

Ве очекува вистинско уживање

Сезоната на сливи пристигна, па ви предлагаме рецепт со кој ќе ги воодушевите сите што ќе го пробаат, а тајната е само во една состојка што никогаш не би ви паднало на памет да ја ставите во тенџере – чоколадо за готвење.

Состојки:
  • 2 кг сливи
  • 1 кг шеќер
  • 100 г чоколадо за готвење
Приготвување:

Измијте ги сливите, исчистете ги од семки и сомелете ги во машина за мелење месо. Додајте шеќер, измешајте и ставете ги во подлабок сад. Вклучете ја рерната на најјако и ставете ја овошната каша да се крчка.

Повремено промешувајте, на околу 15 минути. По еден час, проверете дали овошјето доволно се запекло. Извадете го од рерна и додека џемот е уште врел, додајте стопено чоколадо и промешајте. Млакиот џем сипете го во тегли, па вратете го во рерна уште 15-тина минути.

Добар апетит!

Ви се јадат палачинки?: Џемот од кајсија е вистинска комбинација
Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе