Домашно слатко од смокви: Старински рецепт за најубавиот десерт со боја на килибар

Богат со разни витамини!

Заборавена зимница од нашите баби со која ќе ги воодушевите домашните

Смоквите содржат многу лековити својства, па затоа искористете ја сезоната на ова овошје за да го консумирате свежо, но и за да приготвите вкусно слатко.

Благотворното дејство на смоквите тргнува од лекување акни и мозолчиња до превенција на различни болести. Смоквите се богати со бета каротен, витамини А, Ц, Е и К, калциум, железо и други минерали.

Многу домаќинки се одлучуваат за слатко од сливи, вишни и слично, но еднаш кога ќе приготвите слатко од смокви, толку ќе ви се допадне што секоја година ќе го правите.

Состојки:
  • 1 кг смокви
  • 1 кг шеќер
  • 2 дл вода
  • 1 лимон
  • ванилин шеќер по желба
Приготвување:

Ова е основниот сооднос, а ако користите поголема количина на овошје, 2, 3 или 4 килограми, користете што поголемо тенџере за да не ви се распаднат смоквите. Во поголемо тенџере побрзо и полесно ќе го зготвите слаткото.

Напомена: Слаткото од неизлупени смокви никако не треба долго да се вари, бидејќи се зашеќерува за 24 часа, па затоа се готви за да биде малку поретко.

Совршено слатко од смокви: За еден час ќе имате 5 тегли за зимница, а вкусот потсетува на Медитеранот
Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе