Подгответе се добро! Наскоро пристигнува ретрограден Меркур и удира жестоко!

Ако го направите ова, ќе се соочите со ужасни последици

Планетата Меркур го започнува своето ретроградно движење во знакот Јарец, а тоа може значајно да влијае врз комуникацијата и планирањето

Меркур, планетата на логичкото расудување, тргнува во ретроградно движење во знакот Јарец на 13. декември и ќе продолжи со тоа темпо до 3. јануари 2024 година. Меркур, планетата на комуникацијата, анализите и патувањата, кога се движи ретроградно во Јарец, може да влијае врз начинот на кој размислуваме, комуницираме и планираме.

За време на овој период, може да дојде до недоразбирања во комуникацијата. Луѓето имаат тенденција да се изразуваат импулсивно или без доволно размислување, што може да доведе до конфузија и недоразбирања.

Јарецот е сериозен, одговорен и фокусиран на целите. За време на ретрограден Меркур во овој знак, може да се очекува засилена сериозност во комуникацијата. Луѓето може да бидат склони на подлабоки изразување на своите мисли со акцент на практичноста.

Ревизија на работните планови

Јарецот е поврзан со професионалните и кариерните аспекти од животот. Ретроградниот Меркур во овој знак може да предизвика потреба за ревизија на работните планови, цели и стратегии. Може да се појави потреба за повторно разгледување на професионалните патишта и цели.

Зголемена одговорност во комуникацијата

Јарецот е одговорен знак, па во текот на овој период можеме да очекуваме зголемена одговорност во комуникацијата. Важно е да бидете внимателни во изразувањето и да преземете одговорност за своите зборови и постапки.

Анализа на минатите постапки

Ретроградниот Меркур често носи можности за интроспекција. Во Јарец, тоа може да подразбира анализа на минатите постапки, особено во контекст на кариерата и амбициите. Разгледувањето на минатите одлуки може да помогне во поставувањето темели за идните акции.

Колапс во комуникацијата

Јарецот е поврзан со авторитет и структура. За време на ретрограден Меркур, може да се појават предизвици во комуникацијата со авторитетите или надредените.

Ретроградниот Меркур ќе предизвика проблеми во комуникацијата за сите знаци, а најмногу ќе влијае врз Овните, Јарците, Терезиите и Раковите.

Хороскопски знаци кои попрво ќе ја изберат својата слобода отколку да бидат во врска
Прочитајте и

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More