ДНЕВЕН ХОРОСКОП за 29 декември: Дојде време да се помирите со моменталната ситуација

Астро-прогноза

Бикот е мрзоволен, Раковите се жртвуваат за љубовта

ОВЕН

Ако можете да ги одбирате соработниците, одбегнувајте личности родени во знакот Рак. Вашите мислења целосно се разликуваат. Добра комуникација со партнерот. Можете да сметатe на љубов и поддршка во секоја ситуација. Намален апетит, недостиг од енергија.

БИК

Мрзоволни сте, бидејќи сте свесни дека морате да се согласите на туѓи услови за работа. Моментално немате друга опција. Саканата личност ви посакува сè најдобро. Има искрени намери, треба да го сфатите тоа. Осетлив крвоток. Поразговарајте со кардиолог.

БЛИЗНАЦИ

Следува позитивен развој на ситуацијата. Ќе имате среќа денес, слободно можете да бидете малку поопуштени. Многу сте задоволни, бидејќи љубовта конечно ви е возвратена. Важно ви е да се чувствувате сигурно покрај партнерот. Проблеми со видот. Посетете офталмолог.

РАК

Важно е да се потрудите за поискрена и подиректна комуникација. Работниот партнер исто така ќе сака договор и компромис. Кога станува збор за вистинска љубов, подготвени сте да се жртвувате во секоја можна ситуација. Притисокот ви варира. Посетете кардиолог.

ЛАВ

Денешниот ден ќе ви помине многу мирно, нема назнаки за поголеми промени. Ситуацијата е стабилна. Ви одговара тоа што имате отворен однос со партнерот и што знаете на што сте, дури и кога ситуацијата не е идеална. Денес се чувствувате добро. Бидете поактивни.

ДЕВИЦА

Од некоја причина сте ја занемариле вашата практична страна. Времето минува, почнете со реализација на идеите. Можно е идната љубов да ја запознаете на некој необичен начин, преку социјалните мрежи, на пример. Осетливи коски и мускули. Посетете ендокринолог.

ТЕРЕЗИЈА

Важно е да ја намалите тензијата во работата што ја извршувате. Аспектите што ги имате укажуваат на штета поради брзоплетост. Не ви одговара чувството на самотија. Сакате да имате врска со некого, иако не сте ја пронашле вистинската личност. Проверете ја крвната слика. Може да дојде до пад на имунитетот.

СКОРПИЈА

Со помош на позитивен став, убави зборови и добра организација, успевате да ги остварите вашите цели. Лесно ќе оставите позитивен впечаток на личноста што ви се допаѓа. Денес, полето на флертот ви е нагласено. Посветете се на релаксацијата. Го имате занемарено вашето тело, како и кондицијата.

СТРЕЛЕЦ

Дојде време да се помирите со моменталната ситуација и да чекате подобар момент. Една сосема необична личност ви го покажува нејзиното внимание и интерес. Заинтересирани сте за нејзината појава. Ви треба повеќе сон. Преморени сте, а ве мачи и несоница.

ЈАРЕЦ

Денес ќе решите некои финансиски проблеми. Можно е да добиете заем од некоја личност. Сепак, бидете внимателни при договорот и условите. Обидете се да останете дискретни при средбите со моменталниот партнер. Сè уште не сакате да ја официјализирате врската. Можни стомачни проблеми.

ВОДОЛИЈА

Немате доволно доверба во работниот партнер. Комуникацијата ви станува затегната. Не ги криете вашите чувства. Не ви е проблем да бидете директни во комуникацијата со партнерот. Не чувствувате потреба да ги разубавувате работите. Песок во мочните канали. Немојте да го занемарите здравјето.

РИБИ

Имате многу обврски, но и доволно енергија да ги завршите сите навреме. Соработниците ви се восхитуваат и ве почитуваат. Префрлете ги некои од обврските на доверливи соработници. Подготвени сте да ѝ ја покажете вашата авантуристичка, слободна страна на саканата личност. Можен пад на имунитетот.

Според хороскопскиот знак, пред да заврши годината мора да го направите ОВА!
Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе