Рафаело коцки, омилените кај Ражнатовиќ, а открија и која е состојката што нивниот рецепт го прави уникатен (фото)

Мераци...

Вакво нешто не се купува во слаткарница…

Љубителите на кокос и Рафаело топчиња ќе уживаат во овие вкусни мешавини на едноставни состојки кои брзо се подготвуваат.

Ваше е само да ги посакате и за миг да ги подготвите. Ваквите рафаело коцки се омилените кај семејството Ражнатовиќ.

Во една прилика Цеца и Анастасијаоткрија и која е состојката што ни вивниот рецепт го прави уникатен.

„Тоа е многу љубов“, рекоа мајката и ќерката.

Состојки:
-Кора
6 белки
250 шеќер
100 грама брашно
50 кокосово брашно
0,5 кесички прашок за пециво
-Крем
6 жолчки
2 кесички пудинг од ванила
4 лажици брашно
15 лажици шеќер
1 литар млеко
250 грама путер
200 мл слатка павлака
-Дополнително
200 мл топло млеко да се прелие врз кората

Подготовка:

Изматете ги белките додека не се стегнат и постепено додавајте шеќер и прашок за пециво. Се меша, па со лажица се додава брашното и кокосот и повторно се меша (без миксер).

Смесата истурете ја во калап за печење и печете во загреана рерна на 180 степени околу 20 минути, додека кората не порумени малку. Кога ќе се испече и излади, кората прелијте ја со топло млеко.

Направете го кремот
Соединете: 300 мл млеко, жолчките, пудингот, брашното и шеќерот. Остатокот од млекото ставете го да зоврие, а потоа додадете ја смесата со жолчки. Гответе додека кремот не се згусне, а потоа изладете го.

Во ладниот крем додадете го изблендираниот путер и уште малку измешајте го со миксер. Додадете ја претходно измешаната слатка павлака, постепено и измешајте со шпатула.

Врз кората ставете крем, посипете со кокос, а врз секоја коцка можете да ставите по еден лешник или бадем.

Фото: shutterstock

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе