Ве мачат болки во грбот? Овие јога вежби за истегнување ќе ви помогнат да го решите проблемот!

Пробајте ги овие едноставни јога истегнувања за да ја елиминирате болката во грбот и да го зајакнете целото тело!

Луѓето ги привлекува јогата поради повеќе причини, а една од нив е тоа што таа е многу ефикасна во решавањето на проблемите со грбот. И не се работи само за болка, еден од најчестите проблеми е вкочанетоста во долниот дел на грбот, која најчесто се јавува како резултат на претерано седење и недостаток на физичка активност.

Пробајте ги следните фантастични вежби за истегнување!

1. Детска поза

Клекнете на подот (на јога мат или ќебе). Спуштете го задникот на петиците, а челото на подот. Рацете се испружени до телото со дланките свртени нагоре. Држете ги колената малку раздвоени. Останувајќи во оваа поза, дишете длабоко во стомакот и долниот дел на грбот за да ги омекнете и опуштите мускулите. Држете 30 до 60 секунди или подолго ако е можно и удобно.

2. Поза „Мачка-крава“.

Клекнете на колена, дланките се поставени на подот, во линија со рамената.
Вдишете, подигнете ги брадата и градите и гледајте во таванот додека го спуштате стомакот кон подлогата. Издишете, наведнете го грбот кон таванот, повлечете го стомакот кон ‘рбетот и спуштете ја главата кон подот.
Повторете ја целата низа четири до шест пати, следејќи го ритамот на секое вдишување и издишување.

3. Кучешка поза свртена надолу

Застанете со колената на ширина на колковите. Свиткајте се нанапред и поставете ги дланките на подот, со рацете на ширината на рамената.
Одете со рацете неколку сантиметри напред и раширете ги прстите. Притискајќи го подот со рацете, подигнете ги колената од подот и почнете да ги исправате нозете додека го истегнувате телото нагоре. Нозете не треба да бидат целосно исправени.

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе