Одличен рецепт кој ќе ве натера да го засакате чиа семето!

Вкусен и здрав десерт!

Чиа семето стана популарен додаток во исхраната поради неговата хранлива вредност и разновидните примени во готвењето, а со рецептот кој ви го пренесуваме веднаш ќе го засакате!

И покрај тоа што се мали, тие содржат изобилство на омега-3 масни киселини, антиоксиданси, влакна, протеини, витамини и минерали. Овие семиња се особено познати по нивната висока содржина на алфа-линоленска киселина (АЛА), омега-3 масна киселина која има бројни придобивки за здравјето на срцето и мозокот.

Исклучително се богати со влакна, кои придонесуваат за чувство на ситост и регулирање на варењето. Кога се натопени во течност, чиа семето создава текстура слична на гел која може да се користи како замена за јајца во различни рецепти или како основа за пудинг.

Може да се користи на различни начини – додајте го во смути, јогурти, салати за да ја збогатите нивната хранлива вредност и вашиот оброк. Покрај тоа, чиа семето е без глутен, што го прави одличен избор за оние кои следат диета без глутен.

Рецепт: Енергетски топчиња со чиа семе

Состојки:

1 чаша овесна каша
1/2 чаша путер од бадеми или кикирики
1/3 чаша мед или јаворов сируп
1/2 шолја чиа семе
1/2 чаша сечкано суво овошје по избор (урми, сливи, брусница)
1/3 чаша сецкани ореви (бадеми, ореви)
Прстофат сол
Кокосово брашно или мелени ореви за тркалање на топчињата (по избор)

Подготовка:

Во поголем сад измешајте ги овесните снегулки, чиа семето, сечканото суво овошје, оревите и солта. Додадете путер од бадеми или кикирики и мед или јаворов сируп. Сите состојки убаво измешајте ги додека не добиете компактна смеса. Оставете ја смесата во фрижидер околу 15-30 минути да се стегне. Откако смесата ќе се набие, формирајте мали топчиња со големина на орев. По желба, валкајте ги топчињата во кокосово брашно или мелени ореви. Вратете ги топчињата во фрижидер уште 15-30 минути пред да ги послужите.

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе