Странските медиуми пренесоа интересна анегдота за првиот состанок на Новак и Јелена Ѓоковиќ
Најдобриот тенисер на сите времиња Новак Ѓоковиќ е првиот фаворит на Вимблдон, а светската јавност е добро запознаена со неговата кариера и приватен живот. Покрај него, вниманието на светските медиуми го привлекува и неговата сопруга Јелена Ѓоковиќ. За разлика од Ноле, за неа не се знае многу, и покрај тоа што му е огнена поддршка на трибините повеќе од 15 години.
На американскиот веб-сајт Aol осамнала уште една статија на тема долгогодишната љубов на оваа позната брачна двојка. Се откриле некои интересни и досега непознати детали за нивната романса.
View this post on Instagram
Тие почнале да излегуваат уште во 2005 година, додека и двајцата учеле во Спортска гимназија. Со оглед на тоа што имале една заедничка тема на разговор, тоа и ги поврзало. Имено, Јелена исто така тренирала тенис во младоста.
Години подоцна, двојката се потсетила на едно прилично непријатно излегување во ресторан во Монте Карло.
„Во мои очи, во тоа време, тоа беше многу ексклузивно место за неа. Сакав да ја импресионирам, па најдов еден многу добар ресторан“, вака Новак го опишал ова рандеву во 2016 година.
View this post on Instagram
Јелена се надоврзала:
„Ми беше малку непријатно, бидејќи нарача нешто за мене, но и направи нешто што не го очекував.“
Имено, тој го нарачал нејзиниот омилен бифтек, а потоа го повикал келнерот и му објаснил дека месото не е доволно печено. Келнерот му одговорил:
„Нарачавте тартар бифтек, секогаш се служи сиров.“
View this post on Instagram
Новак го завршил раскажувањето на оваа анегдота со насмевка:
„Кога и да видиме тартар бифтек на менито, се присетуваме на нашиот прв состанок.“
Најдобриот тенисер на светот и неговата сопруга, генерална директорка на фондацијата „Новак Ѓоковиќ“ се во брак од 2014 година и имаат две деца: син Стефан, роден во 2014 и ќерка Тара, родена во 2017 година.