Преку глава ви е од него: Еве како да се ослободите од целулитот

Тело

Намалувањето на целулитот е цел на секоја дама, особено кога ќе пристигне летото. Но, за жал, нема магично стапче против овој проблем.

Експертите тврдат дека дури 90 отсто од жените имаат целулит, во блага или тешка форма. Овој типичен женски проблем им е трн во око на девојките и жените ширум светот, а докажано е дека најмногу „се собира во текот на зимата“. Ви носиме совети кои можат да ви помогнат да го намалите целулитот и масните наслаги на задникот и бутовите.

Намалување на целулитот

Без драма

Многу жени паничат поради целулитот и сакаат да се ослободат од него по секоја цена. Важно е да го прифатите целулитот како составен дел од животот и да го намалите на здрав начин. Целулит имаат и тинејџерките, вегетаријанците, спортистите, така што нема простор за омраза, бидејќи го спречува напредокот кон целта.

Променете ја исхраната

Ако сакате да го намалите целулитот, минимизирајте го внесот на газирани пијалоци, слатки и брза храна и зголемете ја вашата исхрана со „антицелулитна храна“ – ананас, јајца (варени, не пржени), банани, семки од сончоглед, бразилски ореви, рузмарин, ѓумбир, круши, авокадо, овесна каша, папаја, брокула, никулци, риба, лук и јаболков оцет.

Вода, вода, вода

Внесувањето течности е најважниот чекор во борбата против целулитот. Во организмот треба да се внесуваат најмалку два литра течност дневно, а вие можете да изберете дали тоа ќе биде обична вода, вода со свеж лимон, незасладен зелен чај или жолт чај. Соковите, кафињата и супите од кесичка не се бројат.

Намалете го внесот на сол

Веќе е познато дека солта ги задржува течностите во телото и создава целулит. Намалете го внесот на сол на минимум и почнете да ја збогатувате храната со бибер, мелен пипер, цимет и слични зачини.

Вежбајте, вежбајте, вежбајте

Кардио вежбите се многу важни за намалување на целулитот, кои ќе ви помогнат да се потите и да ги согорите масните наслаги, како и насочени вежби кои делуваат на областите погодени од целулитот.

Намалување на целулитот со масажи

Масажите се одличен начин да се победи целулитот, но тие не се за секого. Ако имате проблеми со капилари (прашајте ја мајка ви, наследно е), не одете на овие масажи. Испуканите капилари се потешки и поболни за отстранување од целулитот.

Разни антицелулитни третмани

Третманите во козметичките салони покажуваат добри резултати, но не се за секого. Пред да платите за третманот, прашајте за последиците. Исто така, ако сакате да се храните нездраво и да го прескокнете вежбањето со надеж дека машината во салонот за убавина ќе ги реши сите ваши маки, не трошете ги парите залудно.

Антицелулитни серуми и креми

Производите кои ветуваат намалување на целулитот често се гледаат со неверување, но тие навистина делуваат. Важно е само да се разбере дека нема целосно да го намали целулитот. Нема да ја заврши работата дури и ако го примените погрешно и водите нездрав начин на живот. Докажано е дека кофеинот и циметот помагаат во борбата против целулитот, а добри креми може да се купат 200 до 500 денари.

Комбинација на стратегии

Ако сакате да го намалите или целосно да го отстраните целулитот, комбинирајте ги сите горенаведени. Најважните чекори се вежбање, течности и исхрана, а кремите, масажите и третманите ќе го забрзаат процесот.

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе