Најдобриот рецепт за домашен џем од јагоди: Се приготвува многу лесно, а потребни се само овие 3 состојки!

Готов за миг

Ако сакате јагоди, задолжително пригответе го овој џем за да уживате во вкусот на ова овошје и во текот на зимата

Состојки:
  • 450 г свежи јагоди
  • 1 шолја шеќер
  • 1 лимон (исцедете го сокот)
Приготвување:

Добро измијте ги јагодите и исчистете ги петелките, а потоа ставете ги во сад и внимателно згмечете ги со виљушка.

Ставете помало тенџере на шпорет да се загрее малку, па додајте ги јагодите, шеќерот и лимоновиот сок. Мешајте додека зовријат јагодите и шеќерот се стопи, потоа намалете ја температурата и оставете го полека да се крчка додека ја добиете посакуваната густина на џемот.

Оставете го џемот да се олади, па сипете го во стерилизирани теглички.

Чувајте го во фрижидер.

Пригответе џем без варење овошје: Сите витамини остануваат во теглата, олку богат вкус никогаш не сте пробале!
Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе