ДНЕВЕН ХОРОСКОП за 25 март (петок): Ви пристигнува неочекуван прилив на финансии!

Астро-прогноза

Близнаците се уморни, Бикот има фатална љубов, на Лавот му треба одмор

ОВЕН

Денес ве очекува ненадејно деловно патување, како и успех во преговорите. Финансиска добивка. Успешно ќе решите долготраен проблем во рамките на вашата врска или брак. Слободните Овни ги очекува познанство со фатално привлечен Лав. Аритмија.

БИК

Деловната соработка со некој пријател може да ви донесе голем успех. Успех ги очекува сите оние што се занимаваат со приватен бизнис. На слободните Бикови им претстои фатална средба со личност во знакот Скорпија или Јарец. Добро се чувствувате.

БЛИЗНАЦИ

Денес може да ви излезе деловно патување. Соработката со странци ќе биде областа на вашата експанзија. Богатиот социјален живот и одењето на некоја прослава ќе ви донесе можност да ја запознаете вашата сродна душа. Проблеми со алергии.

РАК

Неочекуваниот прилив на финансии и важниот деловен состанок се главна тема денес. Успех и добивка. Раковите што се во врска денес може да имаат расправии и судир на мислењата со партнерот. Бидете тие што први ќе попуштите. Настинка.

ЛАВ

Денов може да го обележат напорни преговори. Многу работи ќе зависат од подготвеноста на компромис. Вашиот магнетизам е засилен, па ќе имате можности за флерт на секој чекор. Оние што се во брак ги очекува судир на мислењата со партнерот. Одбегнувајте зачадени, непроветрени простории.

ДЕВИЦА

Успех ги очекува сите оние Девици што се занимаваат со пишување, комуникации и транспорт. Одлична финансиска ситуација. Постои голема можност да започнете тајна врска. Слободните Девици се наоѓаат на раскрсница и започнуваат сериозна врска. Намалете ја консумацијата на кафе!

ТЕРЕЗИЈА

Посебен успех ги очекува Терезиите што се занимаваат со креативна работа и комуникации. Вашата финансиска ситуација е одлична. Предизвикот денес се крие во почетокот на врската со некоја многу успешна личност, но вам не ви одговараат баш сите околности. Дилеми и понатаму ги мачат и онака неодлучните Терезии. Главоболка.

СКОРПИЈА

Денес ве очекува вонредна финансиска добивка. Напорните деловни преговори може да ви предизвикаат стрес, но сепак ќе бидат успешни и ќе резултираат со компромис. Љубоморните сцени помеѓу вас и партнерот денес може да кулминираат. Проблеми со притисокот.

СТРЕЛЕЦ

Денес ве очекува ненадејно деловно патување. Застој на финансиите може да го обележи денов, па за секој случај, направете резервен план. Слободните Стрелци може да ја запознаат својата сродна душа на некое пократко патување. Проблеми со варењето.

ЈАРЕЦ

Зголемен стрес поради застој во исплатите. Атмосферата денес може да ја обележи бурна расправија меѓу колегите. Денес успешно ќе го надминете долготрајниот проблем со партнерот. Конструктивните разговори ќе ви донесат поголемо зближување. Главоболка.

ВОДОЛИЈА

Финансиската ситуација ви е сè подобра, но денес може да имате расправија со надредените. Старите проблеми помеѓу вас и партнерот денес може да кулминираат. Слободните Водолии ги очекува познанство со интересна личност преку пријатели. Вртоглавица.

РИБИ

Рибите ги очекува нов почеток на работен план. Невработените Риби ќе добијат одлична работна понуда. Денес може да запознаете интересна личност преку работа. Рибите што се во врска ги очекува важен договор со партнерот, кој може да се однесува на некое патување. Ве тресе грозница.

Нема да мрднат ни со прст, а ќе имаат куп пари: Ѕвездите во април ќе им бидат наклонети на овие знаци како никогаш досега!
Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе