Палачинките од тиквички и компир се совршениот летен оброк: Се приготвуваат за миг, а најдобро одат со кисело млеко

Пробајте

Сигурно досега сте ги испробале тиквичките на сто начина, но еве уште еден предлог со кој ќе откриете нова димензија на омилениот летен зеленчук

Состојки:
  • 2 шолји изрендани тиквички
  • 1 шолја рендан компир
  • 1 јајце
  • 1 лажица сечкан магдонос
  • 1 лажица рендана кора од лимон
  • 1 лажица презла
  • 1 лажица путер
  • 2 лажици кисела павлака
  • сол, бибер
Приготвување:

1. Изренданите тиквички и компир оставете ги барем половина час да пуштат вода, добро исцедете ги и посолете ги.

2. Скршете јајце, додајте магдонос и кора од лимон. Зачинете со бибер и сол по вкус.

3. Измешајте ги тиквичките и компирот и додајте малку презла. Потоа, додајте изматено јајце и сето тоа добро измешајте го.

4. Добро загрејте тавче и ставете путер. Ставете лажица од мешавината со тиквички на врел путер и истапкајте со шпатула.

5. Печете ги палачинките додека добијат боја, па превртете ги и повторете го тоа со другата страна.

6. Послужете ги додека се топли со кисела павлака или сос по желба.

Добар апетит!

Рецепт за палачинки со тиквички кои ќе сакате да ги јадете за појадок, ручек и вечера
Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе