Зборувавме таа кобна ноќ, чуствуваше дека нешто ќе се случи: Елена Ристеска за последниот разгор со Тоше!

Веста за неговот загинување тогаш го потресоа целиот Балкан, а многу ниту денеска 14 години подоцна не можат да се помират со огромната загуба.

Фото: Инстаграм

Нашата најголема музичка ѕвезда Тоше Проески трагично го загуби животот на 26 години на 16 октомври 2007 година во страшна сообраќајна несреќа која се случи на автопат во Хрватска.

Веста за неговот загинување тогаш го потресоа целиот Балкан, а многу ниту денеска 14 години подоцна не можат да се помират со огромната загуба.

Колегите на Тоше од година во година со емотивини зборови ја одбележуваат неговата смрт и преку социјалните мрежи ја искажуваат нивната тага. Малкумина знаат дека Елена Ристеска била последната личност со која Тоше Проески разговарал по телефон пред да се упати на кобното патување.

Како што таа изјави во една прилика за медиумите, била сигурна дека Тоше чуствувал дека нешто лошо ќе се случи, бидејќи во крајот на нивниот разговор тој кажал зборови кои како да знаел дека е крај.

– Се сакавме меѓусебно. Секогаш разговаравме за се, дури ми се јавуваше и од Австралија. Исто така разговаравме таа кобна ноќ пред да оди за Хрватска, а јас уште тврдам дека како да чуствуваше дека ќе се случи нешто лошо. На крајот од разговорот ми кажа дека ќе се видиме за неколку дена, но длабко воздивна и кажа: Ако Бог дозволи – раскажала Елена во една прилика и додала:

– Во тој момент не ми беше чудно, се до утрото кога се разбудив и дознав дека загинал. Кога мајка ми со неверување ми кажа дека се случила сообраќајната несреќа, знаев дека тоа е вистина – изјавила Елена.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.