Вуди Харелсон се присетил на ќотекот во Хрватска: За малку ќе ме убеше „џудо-банда“ (ФОТО)
Очигледно актерот не знае како е на Балканот...
Сплит го посетиле многу холивудски лица, а меѓу нив и актерот Вуди Харелсон, кој открил дека се „закачил“ со некои момци во Хрватска, кои за малку ќе го претепале поради згодни девојки.
Пред 10 години, Вуди Харелсон во интервју за „Плејбој“ рекол дека улогата на смотан бармен во хумористичната Тв-серија од 1980-те „Живели“, му помогнала да не умре во Хрватска.
View this post on Instagram
Актерот се присетил дека на почетокот на 2000-те години се спријателил со погрешни девојки на плажата во Дубровник. Нивните момчиња биле членови на „опасна банда“, па Вуди станал нивна мета.
„Тие момци се симнуваа од планините. Изгледаа како некаква хрватска џудо-банда. Дојдоа да ме убијат, бидејќи бев со тие згодни девојки. Беа подготвени да ме растргнат. Потоа еден од нив ме препозна од серијата и потоа зеадно излегувавме на пиење. Се колнам, да не беше „Живерли“, јас ќе умрев на таа плажа во Хрватска“ – рекол Харелсон.