Водителот добил отказ откако соопштил дека има рак: „Ме заменија за две недели, заслужив малку почит“! (ФОТО)

Сурово...

Водителот на емисијата „Место под сонцето“, Џони Ирвин доживеал голем шок кога дознал дека продуцентите поради болеста нема да му го продолжи договорот.

Ирвин опишал и како ја примил лошата вест од надредените во тешките животни моменти, кога докторите му прогнозирале уште неколку месеци живот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jonnie Irwin (@jonnieirwintv)

Тој на своите соработници им соопштил дека има рак во напредна фаза, а потоа добил отказ, за што јавно зборуваше за „The Sun“. Имено, тој открил дека продукцијата го исплатила за остатокот од сезоната и не му го продолжиле договорот“, оценувајќи го таквиот потег како „низок“.

На почетокто на ноември, инаку Џони открил дека ракот метастазирал и се проширил на мозокот…

Ирвин е водител на емисијата „A Place in the Sun“ од 2004 година, а од 2010 година се појавува во емисијата „Escape to the Country“ на BBC One. Ракот му е дијагностициран во 2020 година и му биле прогнозирани шест месеци живот, но својата дијагноза не ја објавил до неодамна.

„Можев да работам на емисијата и да патувам за неколку дена. Кога ми кажаа дека не можам, срцето ми беше скршено. Тоа што веќе не работам на емисија, влајаеше на моето ментално здавје. Сега сум семеен човек, но сакам да бидам водител, да патувам и да заработувам пари за своето семејство. Не мислеа на мене“ – смета Џони и рекол дека за брзо време му нашле и замена.

„По две недели, нова личност ја превзема емисијата. Мислам дека по 18 години заслужив малку почит. Тоа беше мојот прв телевизиски проект“ – додал водителот.

„Имам уште неколку месеци живот“: Познат водител шокира, има канцер на белите дробови

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.