Весна Петрушевска – Бејби со емотивен статус за Тоше: 14 години без тебе и пак врне…

За нивната искрена пријателска блискост говорат и емисиите кои тие ги снимија

Фото: Фејсбук

Многумина денеска се сеќаваат на денот пред 14 години кога загина нашата најголема музичка ѕвезда која сме ја имале до сега, големиот Тоше Проески.

Тоше имаше многу пријатели кои искрено го сакаа и тогаш, но не го забораваат ниту после 14 години од смртта. Една од неговите најблиски пријателку му беше и актерката и водителка Весна Петрушевска – Бејби.

За нивната искрена пријателска блискост говорат и емисиите кои тие ги снимија. Токму со една од тие емисии, Весна утрово сподели емотивен статус по повод овој ден.

– 14 години без тебе и пак врне….се сетив на оваа приказна кога се договаравме што би можеле да отпеете заедно со Бени…се врати од Сараево (имаше магла па одложувавме снимање) ама сакаше клавир и донесовме…во оваа емисија највеќе пееше…мене ми е особено драга оваа изведба од милион тајни причини❤️❤️❤️❤️❤️како да беше вчера ❤️❤️❤️те сакам до небото и назад❤️❤️❤️ – стои во објавата на Петрушевска во која ја објавила неговата изведба заедно со Бени Шаќири на песната „Тајна вјештина“ од Џибони.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.