Зошто токму јајцето е симбол на Велигден: Многу христијани не го знаат ова!

Повторно раѓање!

ФОТО: Profimedia

И секоја боја има свое значење

Задолжителен дел од велигденските традиции се јајцата. Пред Велигден, познато е дека јајцата се бојосуваат и украсуваат.

Но дали некогаш сте се запрашале зошто токму јајцето е симбол на најголемиот христијански празник?

Целата приказна всушност може да се сведе на нов живот и верувањето дека Исус со воскресението започнал вечен живот.

Имено, јајцата отсекогаш симболизирале нов живот, раѓање, плодност, изобилие и пролет, а старите Египќани, Персијци, Грци и Римјани меѓусебно си дарувале јајца како симбол на новиот живот што пристигнува по зимата.

Таа симболика на повторно раѓање одлично се вклопила и во празникот со кој христијаните го слават Исусовото воскреснување, односно новиот живот.

Инаку, секоја боја за јајца има некакво значење, па така црвената е симбол за Христовата крв, сината – за вистината, зелената – за плодност…

loading...
Прочитајте и
1 коментар
  1. TONI вели

    Znaci ovoj praznik ima elementi na politeizam? Ako Isus i negovite apostoli nego slavile ovoj praznik od kade e dojdeno da se slavi?

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време