Зошто е поважно да изгледате помладо отколку добро за своите години? Со цел да ги поместиме границите, отидовме во друга крајност!

Наместо да ги славиме годините, учиме да ги прикриваме

Наместо да го нормализираме стареењето, почнавме да го бришеме

Некогаш годините имаа јасно лице. Се знаеше како изгледа жена од 50, а како од 70 години. Денес, кога ќе ја погледнеме Мишел Фајфер, сè почесто се прашуваме: дали воопшто знаеме како изгледаат тие години? Границите се замаглени, а перцепцијата за староста комплетно се промени. Она што некогаш беше резервирано за младоста, денес без задршка се живее и носи во позрелите години.

Доволно е да ја погледнете Ева Лонгорија, која на 50 години гордо излегува на модни писти, славејќи го телото и енергијата и испраќајќи порака дека 50-тите се новите 30-ти. Или Хајди Клум, која на 52 години без воздржување ужива во своето тело, позира, патува, живее слободно – честопати рамо до рамо со ќерка ѝ Лени Клум, бришејќи ги разликите што некогаш беа очигледни.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Eva Longoria Baston (@evalongoria)

Социјалните мрежи дополнително ја забрзаа оваа промена. Тие се преплавени со жени кои изгледаат како да имаат 30 години, без разлика што ја газат шестата или седмата деценија. Коментарите речиси секогаш се исти: „Вау, изгледа како девојка“. Како тоа да е најголемиот комплимент – да не изгледате во склад со своите години.

Но можеби вистинското прашање е: зошто е тоа така? Зошто е поважно да се изгледа помладо отколку да се изгледа добро за своите години?

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Heidi Klum (@heidiklum)

Можеби, со желба да ги поместиме границите, отидовме во друга крајност. Наместо да го нормализираме стареењето, почнавме да го бришеме. Наместо да ги славиме годините, учиме да ги прикриваме. А вистината е дека убавината не мора да се мери со тоа колку години успеваме да скриеме.

Можеби време е да ги редефинираме комплиментите. Наместо „изгледаш како да имаш 30“, да кажеме „изгледаш феноменално“. Без споредување, без одземање години. Бидејќи не е поентата сите да изгледаме помладо. Поентата е да изгледаме добро во својата кожа, во своето време.

И можеби, дури тогаш, староста нема веќе да биде нешто од коешто бегаме, туку нешто што го носиме со стил.

ФОТО: Freepik, Инстаграм

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе