Знаци дека треба да го прекинете пријателството

Во детството, многу луѓе учат дека пријателствата траат вечно. Но, како што растеме, сфаќаме дека сите односи, ако не работиме на нив, доаѓаат со рок на траење.

Исто како и односите, пријателствата се предмет на промена, бидејќи со промена на поединци, односите исто така се менуваат. Разделбата и раскинувањето на пријателството болат колку и раскинувањето на љубовна вркса и со себе носат последици што не се пријатни за никого. Но, некои пријателства едноставно не траат, а причините за тоа се многубројни. Ви донесуваме неколку знаци кои покажуваат дека пријателството е при крај и дека сте „прераснале“ од личност со која некогаш сте биле многу блиски.

Се чувствувате исцрпено по дружењето

Дружењето што неволно го планирате и дружењето по кое ќе се вратите дома истоштени треба да се укине. Голема доблест е да знаете да слушате други, но ако одредени собири секогаш се претвораат во истото бесконечно лелекање, знајте дека не сте обврзани да го слушате.

Живеете во минатото

Ако со некои луѓе можете да функционирате само во минатото, тоа е знак дека треба да престанете да се дружите. Здравите односи не треба да се однесуваат само на работи што се случувале порано. Ако веќе ништо не ве поврзува во сегашноста и ако треба да се вратите во минатото за да најдете заеднички теми и интимност, не треба ни да се дружите.

Само вие се трудите

Пријателствата никогаш не смеат да бидат еднострани. Само ако се обидете, ако сте таму, ако слушате и ако помогнете, а никогаш не добивате ништо за возврат, треба да се откажете од такво дружење.

Немате веќе ништо заедничко

Промените се сосема нормална работа и поради нив не треба да ги оставаме најблиските. Никогаш не можеме да ги споделиме сите наши интереси и мислења со никого. Но, ако видите дека вие и личноста со која се дружите се оддалечивте, дека немате исти погледи за животот и дека не можете повеќе да зборувате, време е да го прекинете пријателството.

Прочитајте и: 10 големи животни лаги во кои треба да престанете да верувате: Ви го попречуваат секој чекор!

 

ФОТО: Unsplash

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.