Жизел Бундшен ќе засади 40.000 дрвја во чест на својот 40-ти роденден

Денес Жизел Бундшен го прославува својот 40-ти роденден и планира да го прослави јубилејот на посебен начин.

„Отворам ново поглавје во мојот живот и сакам да го славам со значење. Затоа, планирав да засадам 40.000 дрвја – со текот на годините од учествувањето во добротворни настани, сфатив дека ова е најдобриот начин да се заблагодарам на Мајката природа“, напиша Жизел на Инстаграм.

40.000 садници ќе бидат засадени во име на Жизел и нејзиното семејство во бразилските шуми на Амазон и делумно ќе ја заменат расчистената шума. Манекенката ги охрабри фановите да го следат нејзиниот пример и да донираат на Вива Авиди, програмата за обнова на прашумите.

Садењето на дрвјата ќе започне веднаш по завршувањето на карантинските мерки во Бразил.

Прочитајте и: Дознајте кој дел од себе треба да го промените за подобар живот

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.