Животни лекции што ги научивме од Ешли Греам

Еве што научивме од овој модел!

Ешли Греам дефинитивно е дефиниција за моќ. Кога не слави позитивен изглед на телото или не оди по модните писти на најпознатите модни куќи, тогаш ги украсува насловните страници на списанијата.

Што и да направи, Ешли ја пренесува пораката: секоја форма и големина на телото се убави и важно е да се прифатиме себеси. Подолу ви откриваме некои од најважните лекции што ги научивме од неа.

Животни лекции на Ешли Греам

Важноста на вежбањето

Ешли обожава да вежба, а дури има и YouTube канал посветен на тренинзи.

– За време на пандемијата на коронавирусот, започнав да ги снимам моите тренинзи. Другите девојки кои снимаат вакво видео, немаат целулит или вишок на стомакот. Сепак, сакав да направам нешто достапно за секого. Сакам да се движам, се чувствувам силно. Покрај тренингот, сакам и јога. И ги советувам сите да почнат да се занимаваат со физичка активност, рече таа.

Мотото на Ешли

– Мантрата што си кажувам секој ден: Јас сум храбра, одлична, убава и достојна за љубов. Овие зборови го сменија мојот живот, особено во постпарталниот период, кога добив целосно ново тело. Зборовите можат или да нè поттикнат или да нè поразат.

Важноста на менталното здравје

– Покрај тренингот, важно е да работиме и на себе и одвнатре. Сите поминуваме низ различни периоди на самодоверба. За мене е многу важно да се грижам за себе во текот на денот. Кога се чувствувам добро одвнатре, тогаш сјаам надвор.

Моќта на прифаќање комплимент

– Прифаќањето комплимент е еднакво на прифаќање подарок. Едноставно, некој реши да каже нешто убаво за тебе. Прифатете го тоа. И, понекогаш, можете да си дадете комплимент додека се гледате во огледало. Верувајте ми, и тоа е многу важно!

Прочитајте и: 4 утрински навики што ги имаат сите оние кои живеат 100 години

 

ФОТО: Instagram

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.