Животна мудрост: Не чекајте животот да ве удри по глава…

Наравоучение

Фото: Getty Images

Не е време за чекање

Не чекајте животот да ве удри по глава, па дури тогаш да сфатите дека цело време сте незадоволни, несреќни, негативни, дека се грижите поради глупости, поради работа, поради тоа кој што кажал, поради вишокот килограми, поради единицата на детето по математика, поради караниците со свекрвата, поради тоа што нема да одите летување, поради…

Не чекајте.

Знаете многу добро што ве јаде однатре, што не е добро за вас, што ве мачи.

Не го чекајте денот кога ќе го сфатите тоа на потешкиот начин, по лекарскиот преглед кој требало да биде рутински, кога ќе почнете да си го враќате филмот и да размислувате зошто баш вие и што сте направиле погрешно.

Ништо не сте направиле погрешно, освен тоа што не сте слушале што ви говореле мозокот, телото, срцето. Тие прво шепотат, а потоа врескаат, се бунат, сакаат промена, не сакаат повеќе да одат против себе.

Не чекајте.

За да бидете задоволни од животот треба да се откажете од овие навики!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.