Жителите на Вухан го победија коронавирусот: Вака славеа откако излегоа од изолација по 76 дена! (ВИДЕО)

Местото од каде дојде вирусот, ја прослави пробедата над короната.

Градот Вухан беше почетната точка на коронавирусот, според Светската здравствена организација, а жителите поминале 76 дена во изолација.

Строгиот карантин во овој град со околу 11 милиони луѓе траеше цели 11 недели, со тоа што кинеските власти сега конечно им дозволија на граѓаните на Вухан слободно да се движат. Во овој град се пријавени 82.000 случаи и починале над 3.300 луѓе.

Вчера, тие официјално славеа победа над короната на спектакуларен начин.

Прославата беше изведена со светлосни ефекти, а во зградите беа прикажани слики од лекарите кои храбро се борат со вирусот и спасуваат животи. Жителите ја пееја химната и викаа „Да живее Вухан“.

Погледнете како изгледаше прославата:

https://www.youtube.com/watch?v=riiQJc6h69c&feature=youtu.be

Прочитајте и: Температурата и кашлицата може воопшто да не се појават: 4 помалку познати, но сигурни индикатори за коронавирусот!

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.