Земете го својот живот во свои раце!

Иако звучи како фраза, ова е неопходно доколку сакате некаква позитивна промена

Околностите не ни одат во прилог. Криза е, невработеност, општо незадоволство… Сепак не смееме да дозволиме животот да поминува крај нас додека чекаме подобри времиња

Кризата трае и трае. Крајот не ѝ се наѕира, па слободно можеме да кажеме дека дојде време кога тешко можеме нешто да планираме. Но фрустрирачки е да седиме и да чекаме околностите да се сменат. Затоа, животот треба да го земеме во свои раце. Иако звучи како фраза, ова е неопходно доколку сакате некаква позитивна промена.

Како да планираме иднина кога сè како да се здружило против нас?

Планирањето е во основа на човековото битие. Планираме и кога не мислиме да го направиме тоа. Вистина дека во кризни времиња луѓето се воздржуваат од планови поради неизвесност на ситуацијата. Плановите најчесто се врзани за пари потребни за вложување, било да се работи за докторат или за курс по странски јазик.

Од друга страна, тоа може да биде одличен изговор да се откажеме од плановите, а со тоа и од напредокот.

За добри планови и за вложување во сопствената иднина не се секогаш неопходни пари и токму неизвесното време може да помогне да вложувате во себе на начин на кој дотогаш не сте го правеле тоа.

Денес знаењето е подостапно од порано. Прашањето е дали сте мотивирани да се занимавате со сопствениот развој.

Правењето планови за личен развој секому му помага, а посебно е корисно да се врземе за слика на успех во иднина. Тоа е одлична мотивација во почеток да вложиме време во усвојување на некое знаење, како и време да експериментираме со стекнатото знаење, на пример, во деловната практика.

Тоа ќе ни помогне да ги истражиме полињата за личен развој. Кај сите нови знаења е важно брзо да ги примениме во практиката, бидејќи тоа ќе ни даде дополнителна мотивација да продолжиме.

Се прашуваме: што ако кризата е наша нова реалност?

Со седење и чекање само одбиваме да ги согледаме новите околности и во согласност со тоа продолжуваме од себе и за себе да бараме нешто поинакво, подобро, повеќе. Активноста е секогаш добар одговор на кризата. Затоа, сменете се пред да ве сменат!

Како да научиме да ги препознаеме приоритетите во ситуација која многу нешта ни станаа недостапни?

Така што ќе се насочиме кон мали нешта и кон мали успеси, и ќе славиме мали победи. Секој голем успех е сочинет од низа мали чекори во иста насока. Од друга страна, вашите вистински приоритети секогаш се борат за своето место, па ова е приказна за тоа кои се приоритетите за секој од нас.

Квалитетен живот е нешто што сите посакуваме, но ако десет души се обидат да го објаснат поимот квалитетен – ќе дојдеме до разни приоритети, потреби, желби, па дури и вредносни системи.

На некој што се обидува да најде работа, тоа барање му е најголем приоритет и директно влијае врз квалитетот на неговиот живот. Може ли да се напредува во тој тежок процес, да се постават вистинските прашања што нè водат кон остварување на приоритетите?

Да речеме: како да бидам подобар на секое следно интервју, како своето знаење да го приспособам на разни институции, на кој начин да ги употребам социјалните мрежи за дополнително да се информирам и да се профилирам за некоја позиција и да го привлечам идниот работодавец, ги искористив сите контакти правилно да се претставам, итн.

Додека барате работа во рамките на органското производство, на пример, можете да пишувате блог на таа тема, да се поврзете со луѓе преку социјалните мрежи што работат во таа област, да го искористите Твитер за да дознаете што е ново на светско ниво, па на интервјуто за работа ќе имате повеќе знаење отколку пред шест месеци.

Тоа се неколку мали чекори што ќе ви овозможат патот до успехот да ви биде поплочен со нови знаења и со нов развој.

Во овие околности, често, поради егзистенција, сме принудени да отстапуваме од своите принципи. До каде смееме да одиме во тоа?

Тука станува збор за границата помеѓу компромис и компромитирање. Токму таа граница е пресудна во тоа дали се откажуваме од себеси на секој можен начин. Компромис – да, но компромитирање – не, бидејќи нè уништува како суштества. Секој ги поставува сопствените граници, а некогаш ги нагласува со своите постапки.

Никако не смееме да се компромитираме и да одиме под нивото на минимално поставените граници.

Со чување на границите го чувате и своето ментално и физичко здравје, а со тоа покажувате дека сте одговорна личност. Одговорноста кон себе е основна за да бидете одговорни и кон другите. Во денешно време изгледа дека луѓето премногу зборуваат, но малку разговараат.

Тешко е да се најде искрено заинтересиран соговорник. Ако повторно ја откриеме убавината на дијалогот – ќе ни биде полесно да ги разбереме границите и постапките на другите, како и зборовите што се наша граница.

Добриот разговор значи и можност за компромис, бидејќи тоа е потврда дека го разбирате и го почитувате соговорникот. Добро поставеното прашање може да ни заштеди часови во карање, неразбирање и нервоза.

Прашајте ги луѓето во вашето опкружување дали нешто им пречи, како се чувствуваат и што сакаат. И сослушајте ги, искрено и заинтересирано.

Во секоја ситуација што ќе се најдеме можеме да дефинираме што е за нас компромисно решение, а што е нарушување на нашите животни принципи. Ако си дадеме слобода да го кажеме тоа, веќе сме послободни и да се однесуваме на тој начин.

Текстот продолжува на следната страница…

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.