За рекордно време симнала 50 килограми: Само ова го исфрлила од исхраната!

Драстична трансформација

На венчавката никој не можел да ја препознае

На Австралијката Кајли Мулкахи потрага по венчаница и’ се чинела како вистинска ноќна мора бидејќи се плашела дека со своите 120 килограми нема да може да влезе во ниедна.

Поради тоа одлучила да го промени начинот на живот и до својата венчавка во 2019 година изгубила повеќе од 50 килограми и без проблем влегла во број 38.

https://www.instagram.com/p/BeBBU0on3FP/?utm_source=ig_embed

Во битка со килограмите тргнала во 2016 година, кога земала приватен тренер кој и’ направил план за исхрана и вежбање. Нејзиниот план за исхрана бил составен главно од зеленчук и протеини, а редовно пиела и протеински шејкови.

Изгубила 15 килограми, но вистинското топење почнало дури откако и’ дијагностицирале полицистични јајчници.

https://www.instagram.com/p/BZl12Kknxi1/?utm_source=ig_embed

Нутриционистот тогаш и’ кажал да ги исфрли од исхраната млечните производи и глутенот. Тој нов план за исхрана во комбинација со редовно вежбање резултирал со драстично губење килограми.

По сето тоа, во 2018 година тргнала во потрага по венчаница и ја нашла совршената.

„Моите тетки плачеа кога ме видоа на венчавката во март оваа година“, открила таа.

https://www.instagram.com/p/Bvuola-Ag7E/?utm_source=ig_embed

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.