Време е за невро-фитнес: Да го „набилдаме“ мозокот

Научни факти и практични совети

Фото: Pixabay

Исто како што можеме да ги „набилдаме“ мускулите, така можеме да ги унапредиме и мозочните функции, е една од почетните премиси во новата книга на американскиот неврохирург и научник д-р Раул Јандиал „Животните лекции на неврохирургот“ (Life Lessons from a Brain Sugeon). Во неа, покрај научните факти, ќе најдете и практични совети, а ние ве покануваме да си ги поставите овие предизвици и да следите до какви промени ќе доведат тие:

* Во период од седум дена користете ја недоминантната рака кога го користите мобилниот телефон и ги миете забите. Во почеток ќе ви биде незгодно, но со текот на времето раката ќе стане повешта.

* Следните седум дена настојувајте да медитирате. Тоа нека биде двапати на ден по 10 минути. Ќе почувствувате бенефиции во „работната меморија“, како и во емоционалната интелигенција.

* Размислете за исхраната. Обидете се да ви биде во согласност со она што е најдобро за мозочните функции. Во суштина, тоа е модифицирана медитеранска исхрана, со фокус на зеленчукот (важно е да се застапени различни бои), особено на зеленилото.

ФОТО: Pixabay

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.