Во продажба е новиот број на „Руски доктор“, а еве што можете да прочитате во него!

Нека ве служи здравјето, почитувани читатели!

Нема човек во светот што барем еднаш дневно не помислува дека најважно од сѐ е да се зачува здравјето. Сакате ли да останете здрави и енергични што е можно подолго – движете се! Организмот има потреба да се движи, затоа искористете ја секоја можност за движење. Зајакнете ги мускулите и зглобовите, препорачуваат нашите стручни соработници во темата на овој број и нудат проверени руски совети против болките во колената, зглобовите, грбот…

Но промените на времето освен што ги активираат непријателите на зглобовите, со себе носат и други опасности. Па, како да не ни беше доволен стресот поради пандемијата на ковид-19, периодов ни се заканува уште и сезонскиот грип. Се разбира, најбитно е навремено подготвување за доаѓањето на стариот „пријател“ наречен грип.

Освен за сезонските непријатности поврзани со здравјето, во овој број се осврнуваме и на инфарктот, мигрената, климаксот, кандидијазата… Секако, станува збор и за пролетниот детокс, но и како да се зајакне имунитетот, а има и понекој народен рецепт како да се искористи мразот за да се задржи и зачува убавината на кожата.

Несомнено, за севкупни здравствени придобивки, многу е важна и психолошката поддршка, за која се потребни чисти мисли. Колку се почисти душата, телото и умот, толку полесно може да се живее и да се дише во вистинската смисла на зборот.

Покрај сѐ, и тајната на ведриот дух е во движењето!

Во продолжение, ѕирнете ја содржината на 52-от број на специјализираното списание за здравјето и благосостојбата „Руски доктор“:

СОДРЖИНА, март 2021

7 Билки што спречуваат инфаркт

8 Како се лекува кандидијаза на хранопроводот

9 Црвениот ветер: мачен но излечив

10 Главните непријатели на зглобовите

18 Десет факти за настинката што ќе ве изненадат

19 Изборете се со климаксот

20 Подготвени дочекајте го грипот

25 Jодна мрежа: како да се нанесе правилно

26 Акупресура: Господарот на сите жлезди – хипофизата

28 Кога околината не прави бесни

30 Моето дете е дијабетичар

31 Лимон – верен помошник на срцето

32 Сол: отров или лек?

34 Каде сѐ има влакна

35 Мигрена: што кога нападите ќе станат чести

36 Нешто вкусно за имунитет

38 Лековит булјон од коски

40 Тиква: спас за крвните садови

41 Пролетен детокс

44 Камфор спречува декубитус, и не само тоа

48 Чистотата е основа на здравјето

50 Моја козметика – мраз!

Текст: Сузана Митревска

Фото: Руски доктор

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.