Во продажба е новиот број на „Руски доктор“

Еве што ќе читате во него

Секоја нова година отвора ново поглавје во животот на човекот. Непознатите нешта со кои ќе ги пополнуваме страниците во поглавјето наречено 2021 година за секого од нас се нов предизвик. А предизвикот е она што го тера човекот да оди смело напред, да чекори со храброст за која не бил ни свесен дека ја поседува.

Време е да ја пронајдеме силата во себе и со енергија и радост да им се спротивставиме на последиците од годината што измина.

Овој пат на нашите и ваши омилени страници најголемо внимание му посветуваме на здравјето на крвта, затоа што човекот живее додека крвта циркулира низ неговото тело. А бидејќи најновите истражувања покажуваат дека инфекцијата со коронавирусот лошо влијае на коагулацијата на крвта, нашите соработници, руски специјалисти, лекари и фитотерапевти, даваат совети поврзани со заболувањето што го затвори светот – ковид-19.

Конечно стигнуваат одговори за сите оние тешки прашања и мачни скриени стравови во врска со коронавирусот – за терапијата, за последиците, за закрепнувањето, за вакцинацијата…

Сепак, ве потсетуваме и да бидете внимателни кога го фрлате минатото. Обидете се да ги зачувате семејните работи и да им ја пренесувате традицијата на децата – тоа е единственото нешто што го прави семејството вистинско семејство.

Ние секогаш сме тука за вас, остануваме вашиот верен пријател во служба на здравјето. Тимски, заедно со вас, ќе бараме начини да одговориме на предизвикот за поздрава иднина!

Од целиот тим на „Руски доктор“ ви посакувам среќни и бериќетни новогодишни и божиќни празници, радост во срцето и спокој во душата.

А еве што ќе читате во новиот број на „Руски доктор“

6 Како да го пребродите зимскиот блуз

7 Кои органи ги напаѓа ковид-19

9 Десет факти за несоницата што ќе ве изненадат

10 Зачувајте го здравјето на крвта

18 Сѐ за руската вакцина против коронавирусот

24 Колку е опасна мувлата на ѕидовите

25 Ендокрините жлезди и нашите емоции

28 Програма за рехабилитација по коронавирус

31 Руски препарати против габи на ноктите

34 Зелен чај – пијалак со атомски век

36 Кој зеленчук спречува слабеење

38 Каки – зимско јаболко

39 Почнете го утрото со овесен кефир

40 Храна за подмладување

42 Аптека на прозорската штица

44 Пченката исто така е лековита

46 Пискавецот ослободува од кашлица и го олеснува дишењето

48 Процветајте како јапонска цреша

49 Енергијата на старите работи

50 Рубинот ја враќа силата

Не пропуштајте да си го набавите новиот број на специјализираното списание за вашето здравје!

Нека ве служи здравјето, почитувани читатели!

Сузана Митревска, уредничка на „Руски доктор“

Фото: Руски доктор

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.