Без машина за шиење и со малку креативност, старите маици и кошули можат да добијат сосема нов изглед.
Видеото „4 Ideas to Transform Old Clothes Without a Sewing Machine“ стана вистински хит на социјалните мрежи, освојувајќи милионски прегледи. Причината е едноставна – покажува како со неколку лесни чекори и без машина за шиење, старата облека може да се претвори во модерни и практични модни парчиња.
Во видеото се прикажани четири различни идеи за преуредување на облеката, како скратување на маици, освежување на стари кошули, изработка на тренди топови и додавање декоративни детали кои целосно го менуваат изгледот на парчето. За повеќето трансформации се потребни само ножици, лепак за текстил или едноставни рачни бодови.
Ваквите идеи се сè попопуларни бидејќи, покрај тоа што заштедуваат пари, придонесуваат и за намалување на текстилниот отпад. Наместо старата облека да заврши во отпад, таа може повторно да стане дел од гардеробата со малку труд и многу креативност.
printskrin youtube