Ви снема детергент за перење алишта? Решете го проблемот со оваа феноменална идеја!

Ве инспирираме

Обично регенераторот за коса го нанесуваме по миење на главата и речиси сите сме убедени дека тоа му е единствената цел. Сепак тој е феноменално средство што има повеќе намени.

Имено, доколку ви снемало детергент за перење алишта, можете да користите регенератор. Ставете ја облеката во чист леген, додајте топла вода, а потоа додајте една лажичка регенератор. Оставете ја облеката во течноста половина час, а потоа исплакнете ја и исушете ја, пренесува The Indian Express.

Регенераторот можете да го користите и за да го подобрите мирисот на облеката. Можете сами да направите омекнувач и освежувач на ткаенини. За ова треба да го измешате регенераторот со малку вода и да го ставите во шише со распрскувач. Само протресете го шишето за да се измеша содржината темелно, а потоа испрскајте ја облеката од одредено растојание.

Се користи и за нега на телото, така што можете да ги омекнете кутикулите со нанесување на само малку од регенераторот на ноктите со помош на памучна крпа и нежно масирање.

Можете да користите и регенератор за коса ако ви снема пена за бричење. Нанесете го на делот од телото што ќе го избричите за да ги омекне влакната и навлажнете ја кожата, и внимавајте да не се исечете.

Исто така, користете го и како хидратантно средство за бањање. Особено ако претходно сте користеле пилинг за тело или гел за туширање што создавава многу пена. За да ја надоместите природната влажност на кожата, нанесете малку регенератор на неа пред да завршите со бањањето.

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.