Веднаш исфрлете ги овие 5 работи од домот: Привлекуваат несреќа, беда и негативна енергија!

Ослободете се од лошото влијание

Воопшто немојте да ги чувате овие работи во својот дом

Според фенг шуи, одредени предмети можат да повикаат беда и несреќа. Чувањето на овие предмети во домот може негативно да се одрази на протокот на енергијата во домот, внесувајќи немир и караници во животот.

Ако сакате да привлечете среќа, благосостојба и радост, веднаш исфрлете ги овие предмети од дома…

1. Огледало спроти креветот

Постои верување според кое, огледалото спроти креветот за спиење привлекува неповолни влијанија кои ќе се одразат на врската или бракот. Огледалата не се забранети, но најдобро е да одберете друго место за негово поставување.

2. Свенато цвеќе

Билките претставуваат раст и развој, а пријатно е и освежувачки да се има убав букет сезонско цвеќе во вазна, но свенатото може да го наруши протокот на добра енергија. Понекогаш не го забележуваме, па свенатото цвеќе почнува да го блокира растот и не дозволува развој во ниту еден правец. Свенатото цвеќе претставува стагнација и затоа потребно е да го исфрлите од својот дом.

3. Напукнати и искинати предмети

Уништените шолји и чинии привлекуваат лоша среќа. Чувањето напукнати и искинати предмети прават и енергијата на секое достигнување да биде половична и „напукната“. Ако забележувате дека не ги истерувате проектите до крај, дека сите решенија што ги наоѓате се преминување од шупливо во празно, за почетокот, ослободете се од оштетените работи, колку и да ви се драги.

4. Подароци од луѓе што не ви се драги

Секому му се случило да добие подарок од личност што не му е многу драга, а потоа се поставува прашањето што да се прави со тој подарок? Правилата на фенг шуи налага да се ослободите од сите тие предмети. Можете да ги фрлите или да ги подарите некому кому ќе му се допаднат. На крајот на краиштата, воопшто не ги чувајте дома.

Несаканите предмети носат вознемирувачка енергија, го нарушуваат мирот и предизвикуваат незадоволство. Истото важи и за подароците или некои други спомени кои ве врзуваат за поранешниот партнер или за пријателите со кои не сте повеќе во контакт.

5. Стари, расипани технички уреди

Добро ни е позната ситуацијата во која наместо да го фрлиме расипаниот телефон, најчесто го зачувуваме со мислење дека можеби некогаш во иднината повторно ќе ни затреба, иако никогаш не се случува тоа. Таквите уреди најчесто завршуваат во кутија, а таа под креветот. Ваквите предмети носат лоша енергија и лошо расположение.

Каде е вашиот кревет и дали имате огледало во собата? 6 Фенг Шуи правила за подобар сексуален живот
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.