Утринска депресија: Се будите нервозни и нерасположени?

Проблем со кој се соочуваат голем број луѓе

Наутро се будите нервозни и нерасположени. Немате волја да станете од креветот и да се фатите за работа. А како што одминува денот, вашето расположение постепено се подобрува… И така е од ден на ден. Во понатамошниот текст ќе ве запознаеме со т.н. утринска депресија, со која се соочуваат голем број луѓе.

Ваквиот вид расположение, освен што се одразува лошо на вашиот живот, значително влијае и на околината, па така луѓето што ви се блиски често страдаат бидејќи го трпат вашиот притисок. Каков е тој проблем – утринска депресија? Го нарекуваат уште и депресија на разденување, а поврзана е со високото ниво на хормонот на стрес (кортизол) по будењето. Ендокринолозите објаснуваат дека врвот на концентрација на кортизолот настапува во седум наутро. И така е кај сите луѓе. Во текот на денот неговото ниво постепено се снижува, достигнувајќи минимум на полноќ, а околу два часот ноќе повторно почнува да расте.

Нивото на утринскиот кортизол расте доколку човекот се наоѓа во состојба на хроничен стрес или спиел помалку од седум часа. Како да се изборите со тоа? Своите обврски вршете ги една по една. Поставете си себеси повеќе помали цели. Иако таквите периоди ги отежнуваат и самото станување од креветот и туширањето, овие нешта би требало да ви бидат првата цел. Следниот чекор нека ви биде излегување на свеж воздух, уживање во здрав оброк итн.

Пронајдете занимација (активност) во согласност со вашиот сензибилитет: вежби, трчање, танцување, велосипедизам и слично. Сето тоа ќе обезбеди засилено производство на хормонот на среќата, кој ќе се бори успешно со хормонот на стресот.

Нека ви помогнат прошетки надвор од градот, на село или на планина. Престојот во природа буквално ќе ве „откорне“ од лошото расположение.

На луѓето што страдаат од утринска депресија диетолозите им советуваат да се потпрат на производи богати со витамин Б (изртени зрна од пченица, трици, мешунки, кикиритки, јајца), што може да го снижи нивото на кортизолот.

Извор: „Руски доктор“

Фото: pixabay.com

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.